ВО ТУРЦИЈА ЕЛМАС ГО ПОРАЗИ АТАНАСОВ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДУЕЛ

Гол на Барди за Леванте, Пандев и Џенова без проблеми со Лече! (ФОТО+ВИДЕО)

Во продолжение да погледнеме кои наши играчи во странство настапија во саботата за своите клубови...

објавено: 12 август 2018 - 08:00

-ПАНДЕВ СО НЕКОЛКУ УТНАТИ ШАНСИ, ЏЕНОВА ВО ЧЕТВРТАТА РУНДА ОД КУПОТ НА ИТАЛИЈА-

Во третото коло од Купот на Италија, Џенова ја оправда фаворитската улога против Лече славејќи со 4:0. Најзаслужен за триумфот беше Пјатек кој постигна четири гола во првото полувреме каде што пак Горан Пандев се најде во убави шанси за погодок, но без реализација.За пласман во осминафиналето, Џенова ќе игра со победникот од Виртус Ентела-Салернитана, а во четвртфиналето чека Рома.

-ПОЧЕТОК НА ТУРСКАТА СУПЕРЛИГА, ВО МАКЕДОНСКИОТ ДУЕЛ ЕЛМАС ПОДОБАР ОД АТАНАСОВ-

Започнаа возбудувањата и во Турција, првите три бода ги има Фенербахче кој пред своите гледачи со 2:1 беше подобар од Бурсаспор. Елиф Елмас кај домаќините настапи од 83-та мин., а за гостите Јани Атанасов од 87-та.

-ГОЛ НА БАРДИ И ТРОФЕЈ НА ЛЕВАНТЕ КАКО ДОБРА НАЈАВА ПРЕД СТАРТОТ ВО ПРИМЕРА-

Екипата на Леванте во пред-сезоната триумфираше на 48. „Карлос Лапетра" Меморијал, Трофеј на Град Сарагоса. Дојде до трофејот после победата над Сарагоса на пенали со 4:2, после регуларните 90. минути беше 1:1. Енис Барди беше сигурен реализатор од белата точка во втората серија.

ГОЛОТ НА БАРДИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 02:00 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ:

Најново во Фудбал