ВО МАКЕДОНСКИОТ ДУЕЛ ПРОТИВ КОЊАСПОР НА АДИС ЈАХОВИЌ

Мајсторски: Деби гол на Елиф Елмас за Фенербахче! (ВИДЕО)

Денеска во петтиот натпревар за Фенер оваа сезона, првиот официјален деби гол за клубот го имаше македонскиот репрезентативец.

објавено: 16 септември 2018 - 20:41

Eлиф Елмас почна да ги тресе мрежите во Турција, го постигна својот прв гол во дресот на Фенербахче. Македонскиот бисер на дуелот против Коњаспор на гостински терен во 67. минута со еден убав удар ја затресе мрежата на Киринтили.

Елмас влезе во 61. минута, и само шест минути подоцна му донесе водство на Фенербахче на дуелот со тимот за кого пак настапува некогашниот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ. Погодокот на нашиот фудбалер беше поввеќе од вреден, благодарение на Елиф, Фенер дојде до триумф. 

Голот на Елиф Елмас погледнете го на видеото:

Најново во Фудбал