ДИМИТРИЕВСКИ НАСКОРО ЌЕ СЕ РАЗДЕЛИ СО ХИМНАСТИК ТАРАГОНА

Македонецот им беше „кошмар“ во Кралскиот куп, сега го посакуваат во Примера! (ВИДЕО)

До 31. август трае летниот преоден рок во Шпанија, и наскоро треба да го дознаеме новиот клуб во кариерата на Столе Димитриевски.

објавено: 22 август 2018 - 16:30

Македонскиот репрезентативен голман не беше во составот на Химнастик Тарагона за првиот натпревар од новата сезона во Сегунда. Воедно и тренерот на овој клуб потврди дека оваа недела се очекува да се официјализира разделбата со Димитриевски.

Шпанските медиуми и понатаму шпекулираат околу тоа каде би продолжил да настапува, претходно се поврзуваше со трансфер во Малага, Легањес, Бетис, Еспањол, Брага, Ризеспор...

Сега нов клуб се најде во редовите за потписот на Димитриевски, станува збор за составот на Рајо Ваљекано кој што настапува во најсилната шпанска Примера.

Да потсетиме, во 2016. година нашиот чувар на мрежата беше најзаслужниот што неговиот клуб Химнастик се пласираше во осминафиналето од шпанскиот кралски куп.

Беше една од главните причини за елиминацијата на Рајо Ваљекано после изведувањето на пеналите. Пред самиот крај на регуларните 90. минута успеа да одбрани пенал и го спаси својот состав од пораз.

Во пенал-серијата Химнастик славеше со 5:4, а нашиот голман успеа трипати да излезе како победник во ударите од белата точка против играчите на Рајо.

-НАЈДОБРИТЕ МОМЕНТИ НА ДИМИТРИЕВСКИ ВО ДУЕЛОТ ПРОТИВ РАЈО ВАЉЕКАНО-

Најново во Фудбал