МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ЌЕ НАСТАПУВА ВО ПРИМЕРА

Официјално: Столе Димитриевски нов голман на Рајо Ваљекано! (ФОТО)

Во последниот ден од летниот преоден рок во Шпанија, нашиот чувар на мрежата пронајде нов клуб.

објавено: 1 септември 2018 - 00:27

Досега ги бранеше боите на второлигашот Химнастик од Тарагона, а во новата натпреварувачка сезона 2018/2019 ќе биде дел од составот на Рајо Ваљекано на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот. Оваа информација ја потврди и Химнастик со чиј клуб има договор до 30. јуни 2019 год.

Рајо Ваљекано настапува во најсилната шпанска фудбалска Примера каде што во новата сезона од два меча има два порази.

Претходно освен за Химнастик, 24-годишниот македонски голман играше уште за Работнички, Гранада и Кадиз (позајмица).

За потписот на Столе Димитриевски во трка беа уште екипите на Малага, Легањес, Бетис, Еспањол, Брага, Ризеспор...

Да додадеме уште дека се наоѓа на списокот кај селекторот Ангеловски за првите мечеви во УЕФА Лигата на нациите на гости против Гибралтар (6. септември) и дома со Ерменија (9. септември).

Најново во Фудбал