ВЕДНАШ ПОСЛЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ОБВРСКИ

Рајо Ваљекано го промовираше Димитриевски (ФОТО)

Претходно веќе објавивме дека македонскиот голман до крајот на сезоната ќе игра како позајмица во Рајо Ваљекано како позајмица од Химнастик Тарагона.

објавено: 11 септември 2018 - 19:36

Столе Димитриевски заедно уште со пет нови играчи беше промовиран во шпанскиот клуб како нов чувар на мрежата.

Спортскиот директор Давид Кобењо имаше многу добри, пофални зборови за нашиот репрезентативец:

„Тој е еден многу комплетен голман и одлично се адаптира во натпреварите. Добро ја контролира топката и соработува со играчите, ќе биде една добра конкуренција со Алберто и му ја посакуваме сета среќа".

Рајо Ваљекано настапува во најсилната шпанска фудбалска Примера каде што во новата сезона од два меча има два порази.

„Фановите овде се спектакуларни, за мене тоа ќе биде добро на домашен терен. Се надевам дека ќе имам добри настапи и одбрани и на тој начин бидат среќни нашите навивачи", се зборовите на Димитриевски.

Следниот трет меч избраниците на тренерот Муњоз ќе го имаат на 14. септември на гостувањето кај Хуеска со почеток од 21:00 часот.

Најново во Фудбал