МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ И ЗА ПАНДЕВ

Трајковски: „Десетката“ ме мотивира, ја имав седумката поради мојот идол..! (ФОТО)

Нашиот интернационалец досега сезонава во италијанската Серија Б во дресот на Палермо има вкупно три голови од пет натпревари и моментно е втор стрелец во шампионатот.

објавено: 4 октомври 2018 - 08:30

Од друга страна, Палермо игра „топло-ладно" и не ги постигнува најдобрите резултати, моментно е на деветтото место со осум бодови, пет помалку зад водечката екипа на Верона.

Неговиот тимски колега Илија Несторовски од пет мечеви има два погодоци и токму двајцата Македонци се досега најефикасните стрелци на клубот.

Има и причина за добриот старт на Трајковски кога станува збор од аспект на головите, сезонава го смени бројот на дресот и сега ја носи „десетката" што беше причина за три голови по ред на дуелите против Перуџа (4:1), Фоџа (2:1) и Кремонезе (2:2).

Пријатно го изненади Бруно Тедино кој си замина од клупата, а сега ќе треба да се докажува кај старо-новиот тренер Роберто Стелоне кој исто така посакува в недела да биде активен нападот пред своите гледачи против Кротоне.

Во интервју за италијанските медиуми Трајковски говореше за важноста и на претходниот број 7 кој исто така го носеше во Палермо:

„Мој идол од детството беше Андриј Шевченко, затоа секогаш го носев бројот 7 на дресот. Сега добив шанса да ја носам „десетката" која ми дава екстра мотивација. Горан Пандев? Одличен играч од македонската национална репрезентација и навистина е прекрасно кога настапувате со него. Полесно е да се игра кога имате таков фудбалер", рече Трајковски.

Најново во Фудбал