ТЕТОВСКИТЕ „ЦРВЕНО-ЦРНИ“ ГО БРАНАТ ТРОФЕЈОТ

Куп: Шкендија почнува со Кожуф, Фортуна за Работнички!

Денеска покрај вторите лиги, во „Куќата на фудбалот" се случи и извлекување на двојки за новата сезона во Купот на Македонија.

објавено: 8 август 2018 - 12:57

Вкупно беа пријавени 30.  што значи дека во првото коло ќе недостасуваат две екипи, односно една двојка на стартот од куп натпреварувањето кое ќе стартува на 22. август. Во оваа фаза имаме вкупно 10 прволигаши, 14 второлигаши, пет третолигаши и еден четвртолигаш Поешево.

Одбраната на трофејот Шкендија ќе ја започне на гостувањето кај второлигашот Кожуф во Гевгелија, а ланскиот финалист Пелистер е гостин на третолигашот Осогово.

Од останатите конкуренти за титулата во новата сезона Вардар ќе се сретне со Вардари, додека Работнички ја има фаворитската улога против Фортуна. Нема дерби во првото коло, можеби како едни од поинтересните средби можат да се одвојат Тетекс-Гостивар и Кораб-Борец.

Куп на Македонија (1. коло), двојки:

Струга (2) - Победа (1)
Кораб (2) - Борец (2)
Влазрими 77 (2) - Беласица (1)
Вардар (Н) (2) - Скопје (2)
Фортуна (3) - Работнички (1)
Лабуништа (2) - Академија Пандев (1)
Кит-Го (2) - Шкупи (1)
Поешево (4) - Брегалница (2)
Кожуф (2) - Шкендија (1)
Вардари (3) - Вардар (1)
Осогово (3) - Пелистер (2)
Тетекс (2) - Гостивар (2)
Братство Влазними (3) - Силекс (1)
Тиквеш (2) - Ренова (1)
Превалец (3) - Македонија ЃП (1)

Во случај ако заврши мечот нерешено после регуларните 90. минути, нема да следат продолженија, туку веднаш ќе се пристапи на изведување пенали. После завршувањето на првата рунда, ќе следува ждрепка за осминафиналето. Тогаш, наместо осум, ќе имаме седум парови, а еден „среќен" тим директно ќе се најде во четвртфиналето.

Најново во Фудбал