„РОМАНТИЧАРИТЕ“ СЕГА ЈА ИМААТ ПРВАТА ПОЗИЦИЈА НА ТАБЕЛАТА

Јовановски: Задоволен од резултатот, не и од играта!

„Романтичарите" на вечерашниот меч од четвртото коло, на Арената „Филип Втори" со 1:0 го совладаа досегашниот лидер, тимот на Академија Пандев.

објавено: 1 септември 2018 - 22:34

Работнички ја оствари третата победа по ред во Првата фудбалска лига и со девет освоени бода се искачи на првата позиција на табелата.

„Задоволен сум од резултатот, но не и од играта. Сега сме на првата позиција, но рано е да се зборува за било што", изјави тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски после мечот.

Фото: Петр Стојановски

Стрелец на единствениот гол беше Остоја Стјепановиќ од пенал во 13.минута од натпреварот.

Во вториот дел домаќинот се определи за игра на противнапади, убава можност пропушти Недељковиќ за да го завери успехот, а на спротивната страна повторно непрецизен беше Марио Крстовски, како и Љупчо Дориев.

Најново во Фудбал