За средбите со Беласица и Струга Трим –Лум

ПРИНУДНА ПРЕСЕЛБА: Влазерими домаќин на градскиот стадион во Кичево

Поради инсталирање на нов дренажен систем на сопствениот стадион, екипата на Влазерими на Куп натпреварот со Беласица и првенствениот со Струга Трим –Лум, ќе биде домаќин на градскиот стадион во Кичево, со почеток во 17 часот.

објавено: 22 август 2018 - 13:40

Поради инсталирање на нов дренажен систем на сопствениот стадион, екипата на Влазерими на Куп натпреварот со Беласица и првенствениот со Струга Трим –Лум, ќе биде домаќин на градскиот стадион во Кичево, со почеток во 17 часот.

„Поради изведување на градежни активности на нашиот терен и поставување на нов дренажен систем, Куп натпреварот со Беласица и првенствениот со Струга Трим Лум, како домаќини ќе играме на градскиот стадион во Кичево“ - потврдува директорот на Влазерими,Исак Арифи. „Со тоа нашите навивачи ќе имаат можност во што поголем број да го бодрат својот клуб и да му помогнат да дојде до две драгоцени победи во двата меча“.

Поголме проблем за тимот се повредите на дел од играчите.

„Поголем проблем од самиот терен ни претставуваат повредите на тројца стартери и тоа на, Бурхан Алију, Алтин Сефо и Гзим Бакиевски. Ќе се потрудиме од постоечкиот ростер да пронајдеме соодветни замени за повредените фудбалери“ – истакна Арифи.

Зоран Антоски

Најново во Фудбал