'РТОТ КОЈ ИМА СВОЈА ДРЖАВА, А И ПРИЗНАТА РEПРЕЗЕНТАЦИЈА

Се собраа и тренираа, кој од плажа, кој од работа...

Немаат карантин затоа што може да има дефект на водната мрежа па водоинсталатерите треба да се на работа. Цариникот ги провери пасошите на неговите утрешни ривали. Пожарникарот секогаш е на штрек. Тоа е Гибралтар!

Само еден професионален фудбалер. „Игра некаде во Франција. Често менува клубови", ни рече нашиот соговорник за нивниот најпознат фудбалер.

објавено: 5 септември 2018 - 11:00

Од Гибралтар
Игор Д. Ивановски

Два дена сум тука со националниот тим во Гибралтар и два дена истите прашања и по некој скромен и оскуден одговор. Сите играат фудбал па ајде и овие од Гибралтар решиле да се пробаат со останатите земји од Европа.

Малиот 'рт на југот на Шпанија кој е дел од Обединетото Кралство – Англија. Парче земја со голема карпа и едвај 30.000 жители имаат од пред некоја година и официјална репрезентација која е призната од ФИФА и УЕФА. Признати од фудбалската елита но не и од Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК). Можно ли е овие да играат фудбал!? Кога можат Андора, Лихтенштајн... зошто не и Гибралтар. Секој глас е важен па така и овој на Гибралтар во УЕФА и ФИФА е еднаков со гласот на Германија, Англија, Бразил, Аргентина... Значи рамноправни се. Исто како и ние – Македонија. Но ние за овие барем во фудбал треба да сме закон. Тоа треба е голема работа затоа што по сето ова видено во овие 48 часа уште не ми е јасно како пред една година загубивме 1:0 во квалификациите за фудбалери до 21 година. Загубивме! Гибралтар едвај собира фудбалери за сениорскиот тим, а па за младиот!?

НА СОБИР КАКО ЗА НА ПЛАЖА – НЕМААТ КАРАНТИН
Во понеделникот по тренингот на нашите фудбалери на стадионот „Викторија" се собраа и репрезентативците на Гибралтар. Кој од работа, кој од плажа, кој од дома. Сите пешки, во папучи, со несесер под рака и одат да тренираат зошто играат утре со Македонија. Играат квалификации за ЕП, почнува Лигата на нации. Многу трагична и нереална слика. Едни со карантини, цела машинерија зад себе од доктори, масери, тренери.... А овие „лаганица" на тренинг па секој по дома.

"Хотел. Не сме во хотел. Зошто хотел!? Гибралтар е мало место, сите живеат блиску и од дома или од работа си доаѓаат на тренинг. Во хотел среда навечер пред натпреварот. Играчите се ослободени од своите работни обрски во среда попладне и четврток цел ден", ни изјави нашиот соговорник на стадионот „Викторија" кој е ангажиран околу организацијата на утрешниот натпревар.
Леле добиле слободен ден четврток затоа што играат фудбал. Па нели е сето ова премногу смешно. Тежок аматеризам. Го гледаш со свои очи и не ти се верува. Во папучи, несесер, тренинг - репрезентација. Гледа ли некој кој се се натправрува!?

СЕ МОЛАТ ДА НЕМА ПОЖАР, ДЕФЕКТ ВО МРЕЖАТА ЗА ВОДА
„Сите наши фудбалери имаат работни обрски до среда. Имаме тројца водоинсталатери, пожарникар, полицаец, електричари. Капитенот ни работи на царина", вели соговорникот кој ни одговара на прашањата за кои бараме одговор веќе два дена тука во Гибралтар.
„Царинарникот не пречека кога доаѓавме на граница. Кога ни ги враќаше пасочите ни рече дека се гледаме на стадион. Му викам како а тој врати дека игра за Гибралтар", ни објасни Бојан Марковски, секретарот на нашиот националн тим.
Како тргнало селекторот на Гибралтар треба да се моли да нема пожар во градот, да функционира електричната инсталација. Но, најмниогу стравува од дефект на водоводната мрежа. Во таа професија има тројца од своите фудбалери.
Царинарникот на Гибралтар е Рој Циполина кој има 35 години и кој за Гибралтар настапил на 28 од можните 30 средби колку што оваа репрезентација ги има одиграно.

ВЧЕРА МОНТИРАА ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕФЛЕКТОРИ

Ден пред да пристигне делегатот на УЕФА во Гибралтар монтираа скеле а на истото и светлечки објекти за да се добие потребната светлина на стадионот за одигрување на утрешниот натпревар Гибралтар – Македонија. Цела вечер светеа рефлекторите во Гибралтар кои ја осветлија половината од „државата". Скеле, рефлектори, бензиска... Кај нас бараат влакно во јајце кога ни доаѓаат во инсекција. Овие може да играта и на ваков стадион.

ВЕРУВААТ ВО ПРВИТЕ БОДОВИ – СЕ ВРАТИЈА ДОМА
Билетите за утрешниот мел Гибралтар – Македонија се продаваат по 10 и 20 фунти. Од федерацијата официјалниот слоган е „Се варќаме дома"! Тоа како податок дека Гибралтар игра за првпат дома на официјален меч. Претходно беа домаќини во Фаро (Португалија).
„Ја победивме Летонија. Таа е со ист квалитет како Македонија. Очекуваме бод против вас но и победа над Лихтенштајн", вели нашиот соговорник од Гибралтар за амбициите на оваа аматерска селекција. Се надеваат на први официјални бодови во натпреварувањето на УЕФА. Во минатиот циклус за пласман на СП 2018 постигнаа три гола а не освоија ниту еден бод.

ИМААТ ЛИГА КОЈА ТРАЕ 119 ГОДИНИ
Фудбалот во Гибралтар не се игра од 2012 година кога оваа федерација направи влез во УЕФА и ФИФА. Федерацијата им е формирана во 1895 година а лигата на Гибралтар е една од најстарите во светот. Шампионатот на оваа земја се игра 119 години. Почнал како првенство на воените корпуси на британските војници. Трае и до денеска. Тука како тренер пред 3 години работел Бруно Акраповиќ кој од клупата на екипата на Европа замина во Шкендија од Тетово.

Најново во Фудбал