Пионескиот куп во рацете на струмичани

Тасев му донесе пехар на Академија Пандев

Во текот на натпреварот Вардар три пати погоди во рамката од противничкиот гол, но во финишот од средбата Академија Пандев оствари триумф и ги подигна пехарот

објавено: 16 мај 2018 - 19:43

Со голот на Никола Тасев во 77. Минута, пионерската екипа на Академија Пандев денеска го совлада Вардар во пионерското куп финале и на тој начин се закити со трофејот кој е уште еден во низата на струмичани годиниве. Мечот како и другите младински финалиња се играше во Охрид, е може да биде окарактеризиран како исклучително интересен и неизвесен. Двата тима имаа шанси да дојдат до водство, а струмичани први реализираа и тоа во самиот финиш на мечот. Вардар потоа немаше време да се врати резултатски, па пехарот замина во вистрините на Академија Пандев. „Црвено-црните“ во текот на мечот три пати ја погоди рамката од голот на противникот. 

Помладите пионери на Шкендија по теркот на младинците

Од друга страна пак, во финалето од конкуренцијата помлади пионери, тимот на Шкендија беше подобар од тимот на Академија Пандев со 6:5 по подобро изведување на пеналите. Регуларниот дел од мечот заврши со резултат 1:1, а стрелци на головите беа Адеми и Станкоски.

Најново во Фудбал