За резултатот и играта имаше и други фактори

Алиоски: Победата најважна, иако условите беа катастрофа

Победата на стартот од натпреварувањето е најважна. Условите за игра на овој стадион се далеку од добри и тоа ни создаваше проблеми во текот на мечот.

објавено: 7 септември 2018 - 09:59

Стрелецот на вториот гол за македонската репрезентацијата, Езџан Алиоски, задоволен од погодокот и победата, вели дека целта од гостувањето на Гибралтар е остварена. За резултатот и играта, според нашето крило, во голема мера придонесоа и условите на стадионот „Викторија" во кои се играше натпреварот.

„Задоволен сум од победата и од резултатот. Среќен сум за постигнатиот гол. Ова беше еден рутински натпревар кој гледавме да го завршиме со победа, бидејќи условите за игра на овој стадион беа лоши. Осветлувањето беше многу лошо и тешко можеше се има преглед на играта. Со текот на мечот и подлогата почна да прави проблеми, стануваше тешка за игра и згора на тоа ја обои топката од бела во скоро црна. Се на се, задоволен сум и среќен од победата и сега веќе мислиме на Ерменија", вели нашиот репрезентативец.

Македонија вториот меч од групата ва Лигата на Нации ќе го одигра в недела на Националната арена во Скопје против селекцијата на Ерменија, со почеток од 18 часот.

Најново во Фудбал