ТРИЧКОВСКИ ЌЕ БИДЕ КАПИТЕНОТ НА А РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Ангеловски: Против Гибралтар да одиграме за Пандев!

Во петтото претпоследно коло Македонија забележа победа над Лихтенштајн во Вадуц и сега е на еден бод од првата позиција на табелата во групата 4 од Лигата „Д" (УЕФА Лига на нации).

објавено: 18 ноември 2018 - 13:53

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски в понеделник (20:45 ч., Филип Втори Арена) против Гибралтар ќе го бркаат и петтиот триумф за потврда на првото место во својата група.

Воедно би се обезбедило место во плеј-офот за ЕУРО 2020, повисок ранг (Лига „Ц"), повеќе околу шансите на нашата А репрезентација можете да прочитате ТУКА

ПОВЕЌЕ ОКОЛУ ЦЕНИТЕ НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА-ГИБРАЛТАР ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека капитенската лента на дуелот против Гибралтар ќе ја носи Иван Тричковски. Горан Пандев поради жолти картони ќе го пропушти дуелот и ќе почека на неговиот јубилеен 100. настап во сениорскиот национален дрес.

„Добро е познат стилот на Гибралтар, ориентирани на одбрана и контра напади. Кажав неколку пати не е битно со кого играме, туку што играме. Битно е да се добие овој меч, мотивите секогаш се добро познати".

Селекторот вели дека состојбата со Аријан Адеми е добрао и тој ќе конкурира за утрешниот меч.

„Никогаш не ги коментирам отсуствата, ги имаме многу периодов. Сега е време да одиграме за Пандев, во негово име, во име на капитенот. Требаше да биде негов јубилеј, но тоа ќе го стори капитенот на следниот натпревар. Немам посебна желба околу противникот во следната фаза. Најважно е да одиграме против Гибралтар и утре трибините да бидат што повеќе исполнети".

Капитенот Тричковски вели дека не смее да се прифати новата задача како лесна, односно дека треба максимално сериозно треба да се сфати Гибралтар:

„Дека очекувам лесна победа, секако дека не. Гибралтар е ориентиран на дефанзива, а ние со играта може да направиме да биде ова за нас еден лесен триумф. Ни треба посветеност на највисоко ниво, судбината е во наши раце".

Најново во Фудбал