РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ Е СРЕЌЕН ШТО ПРИДОНЕСЕ ЗА ПОБЕДАТА

Барди: Погодив во вистинско време!

Енис Барди испрати вистински проектил на дуелот со Лихтенштајн, токму со неговиот погодок од околу 17 метри Македонија успеа да го урне противникот и да го гради патот кон победата.

објавено: 17 ноември 2018 - 18:44

Енис Барди испрати вистински проектил на дуелот со Лихтенштајн, токму со неговиот погодок од околу 17 метри, Македонија успеа да го урне противникот и да го гради патот кон победата. Репрезентативецот не крие дека е среќен за погодокот, но истовремено потенцира дека на крајот е најважна тимската победа и успехот. 

„Знаев дека ќе дојде и тој ден кога ќе дадам гол од слободен удар за репрезентацијата. Среќен сум што тоа се случи сега во Вадуц. Во вистински момент погодив. Сите голови ми се драги, но поважна е тимската победа и успех. Беше тешко да се разбие Лихтенштајн“.

Македонија во понеделник го пречекува Гибралтар во последниот меч од групната фаза. Нашите момци нема да ја пропуштат шансата за победа која носи пласман во плеј-офот. 

„Сега на ред е Гибралтар за остварување на целта. Играме без нашиот лидер Горан Пандев и токму за него треба да одиграме со сета сила. Одиме на нова победа, ако има шанса би удрил уште една бомба. Но и друг нека даде голови, само ние да победиме“, изјави Барди. 

Најново во Фудбал