МАКЕДОНСКИОТ У21 ТИМ ПРОТИВ ЕДЕН ОД ФАВОРИТИТЕ ВО ГРУПАТА

Да им вратиме на Русите за голеадата во Скопје!

Поразот во главниот град ќе биде само поттик повеќе за нашите момци да изгинат денеска на теренот во Тула и да им вратат на Русите кога најмногу ќе ги боли. Репрезентацијата на Македонија до 21. година денеска од 18:00 часот, во градот Тула, на стадионот на премиерлигашот Арсенал ќе го одигра квалификацискиот натпревар против домашната Русија.

објавено: 12 октомври 2018 - 13:30

Ова ќе биде претпоследниот наш меч во оваа кампања, за да четири дена подоцна финишираме на домашен терен против Гибралтар.

Ова за нас е уште еден предизвик, но пред се можност да се покаже дека во овие квалификации не е се загубено, иако нормално немаме никакви шанси за успех. Сепак, бодовите и евентуелниот поволен резултат секако дека ќе донесат позитивни нешта.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019

ДВОЈКИ:

ДЕНЕСКА:
18:00ч.
СРБИЈА – АВСТРИЈА
РУСИЈА – МАКЕДОНИЈА

ТАБЕЛА:

1. СРБИЈА 8 8 0 0 23:5 24
2. АВСТРИЈА 8 6 0 2 22:5 18
3. РУСИЈА 8 5 1 2 18:9 16
4. ЕРМЕНИЈА 9 2 2 5 9:16 8
5. МАКЕДОНИЈА 8 1 1 6 10:18 4
6. ГИБРАЛТАР 9 1 0 8 1:30

Ние сме тука за да им ги „замрсиме сметките" на Русите. Да им одземеме бодови на нивен терен, и да им покажеме колку нас не болеше оној пораз во Скопје, минатата пролет, кога во една ретко видена голеада, и драма, Русите со гол во последните моменти од мечот, триумфираа со 3:4.

НАПАДОТ ОСЛАБЕН, ЌЕ МОРА ДА СЕ КОМБИНИРА

Ние на овој меч ќе настапиме ослабени. Без нашиот најдобар стрелец, Тихомир Костадинов, и првиот напаѓач на последните два меча против Србија, односно Ерменија Милан Ристовски. И обајцата се појавија на прозивката на селекторот Илиевски, пробаа да тренираат во Скопје, но веднаш се виде дека не можат да помогнат за овој меч. Останаа дома, и ќе пробаат да се подготват за последниот меч против Гибралтар.

Од друга страна некој ќе мора да ги пополни нивните одсуства, а тука се стандарниот Никола Ѓорѓев, Димитар Митровски и Марио Крстовски. Тоа веројатно ќе биде нашата напаѓачка тројка за овој меч, која за прв пат реално ќе игра заедно.

ГИ НЕМА НАШИТЕ СТРЕЛЦИ ОД ПРВИОТ МЕЧ

Од друга страна пак, мора да се напомене дека во нашиот тим ги нема стрелците од првиот меч против Русија во Скопје, Петар Петковски односно Алекса Амановиќ. Петковски иако во одлична форма во моментов во домашниот шампионат, сепак, не доби повик за овој двомеч со Русија, односно Гибралтар, додека пак Амановиќ според нашите информации, добил повик, но во договор со селекторот сепак, не се појави на прозивката односно е поштеден.

Тој доби и црвен картон против Русија во последните моменти од тој меч во Скопје. Сега, нивните голгетерски способности ќе треба да бидат заменети од некои нови имиња кои ја дочекаа шансата во националниот тим и тоа во многу специфичен момент.

Најново во Фудбал