БАРАМЕ ПОЗИТИВА ПО ШЕСТ МЕЧА

Ерменија ни е „коњак“, нека биде така и сега

Репрезентацијата која и ни ги донесе единствените бодови во овие квалификации сега ни гостува и ова е меч кој едноставно мора да се добие.

објавено: 11 септември 2018 - 13:00

Македонската репрезентација до 21 година има црна серија во квалификациите за ЕП, каде шансите веќе одамна ги загуби. Бројките се прецизни и не може да се оди против нив. Ние имаме шест порази по ред, уште од тој прв натпревар против Ерменија. Примивме седумнаесет гола во серија на шесет натпревари, ниту еднаш не ја сочувавме мрежата. Менувавме голмани, ротиравме, и во моментов на голот е Христијан Стевковски. Како ќе минеме овојпат ќе видиме но факт е дека мора оваа црна серија да прекине.

Целиот овој наш лош период на резултатски и на секаков друг план кога станува збор за македонската репрезентација до 21. година започна и со тој триумф во Ерменија. Таа одлична изведба на нашите репрезентативци означи крај на се добро што се случуваше дотогаш. Следуваше серијата на порази, оставки, промена на генерации и што ли уште не. Сега сме на крстопат што се вели, мора да се доигра овој циклус, со нов селетор, но нова генерација и остатоци од старата на терен и со желба, мотив и насока да се освои уште некој бод во оваа кампања.

„Србија реално ни се извлече. Среќно победи. Ние покажавме добра игра која за жал не ни донесе резултат. Сега на ред ни доаѓа Ерменија, противник за респект, но исто така и противник кој реално мора да го добиеме. Трите бода во овој случај се императив, знам дека звучи оваа фраза некако излитено но тоа е така. Навистина во овој случај треба да победиме„, вели Михаил Маневски.

Натпреварот почнува во 15:30 часот, се игра на комплексот „Петар Милошевски“.

 

Најново во Фудбал