СЕ ОГЛАСИ КАРЛО РОМЕО НА СВОЈОТ „ТВИТЕР“ ПРОФИЛ

Италијанскиот амбасадор: Им донесовме „среќа“ во брилијантната победа (ФОТО)

Македонската репрезентација го освои првото место во групата Д од Лига на нации и се пласираше во плеј-оф фазата за пласман на Европското првенство.

објавено: 20 ноември 2018 - 14:58

На Националната Арена „Филип Втори" избраниците на селекторот Игор Ангеловски триумфираа против Гибралтар со резултат 4:0. Несторовски двапати се запиша во листата на стрелците, а Трајковски еднаш.

Амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео ги прими двајцата напаѓачи на Палермо и селекторот Ангеловски и изрази задоволство што ги сретна. 

Еве што напиша амбасадорот на Италија во Р. Македонија на својот „Твитер" профил:

„Беше задоволство да ги сретнам вчера Илија Несторовски, Александар Трајковски - одлични фудбалери на Палермо и селекторот Игор Ангеловски. Им донесовме „добра среќа" за брилијантната победа на Македонија над Гибралтар (4:0)".

Најново во Фудбал