НОВИОТ СЕЛЕКТОР НЕ ГУБИ ВРЕМЕ

Македонија У-19 на „тестови“ со Пелистер и Кит Го

Избраниците на Горан Станковски на 7 август ќе се сретнат со битолчани а два дена подоцна и со пехчевци. И двата меча се играат на терените на ФФМ.

објавено: 2 август 2018 - 20:50

Горан Станковски, новиот селектор на нашата репрезентација до 19 години, навистина не губи време. Веднаш тргнува со работа. Па така неговите избраници на 7 август ќе се сретнат во пријателски меч со Пелистер, а два дена подоцна и со Кит Го. И двата „теста" ќе се играат на терените на ФФМ. Инаку собирот е закажан за во понеделник на 6 август.

Овие две пријателски со битолскиот и пехчевскиот второлигаши, ќе бидат само загревање за „тестовите" во следниот период и тоа против Англија, Полска, потоа турнир во Летонија. Се со цел што подобро нашите надежи да бидат подготвени за квалификацискиот турнир за ЕП во ноември, на кој ќе ги одмериме силите со соодветните репрезентации на Хрватска, Чешка и Лихтенштајн.

Најново во Фудбал