СЕЛЕКТОРОТ НА ГИБРАЛТАР СО ОЧЕКУВАЊАТА ПРЕД УТРЕШНИОТ МЕЧ

Рибас: Чест е да се игра против репрезентација како Македонија!

Гибралтар со поразот од 2:6 на домашен терен од Ерменија практично ги загуби шансите за првото место во групата 4 од Лигата „Д" и место во плеј-офот за ЕУРО 2020.

објавено: 18 ноември 2018 - 12:43

Селекторот на Гибралтар, Хулио Рибас пред утрешниот меч вели дека лично никогаш не прави разговор за резултатот пред мечот, вели само дека е чест да се игра натпревар против репрезентација како што е Македонија.

„За нас секако е добро што сме дел од Лигата на нации, затоа што сме само четири години дел од УЕФА и две од ФИФА. За нас е ова многу важно да собереме што е можно повеќе искуство. Знаеме дека селекторот на големите репрезентации не го сакаат ова натпреварување, но за нас многу ни значи".

Вели дека двата меча против Ерменија беа слични, но и различни. Во пресрет на дуелот во Скопје нема повредени играчи во неговиот состав.

„Направивме грешки на дел од мечот и тоа не чинеше. Играме против Македонија, селекција која според бројките е најдобрата селекција моментно во групата“.

Репрезентативецот на Гибралтар, Ентони Бардон:

„Како што кажа нашиот селектор, во фудбалот никогаш не се знае ништо и затоа не би го коментирал потенцијалниот резултат. Наше е да го слушаме селекторот кога ја имаме топката да напаѓаме, кога ја немаме да се браниме. Концентрацијата е многу битна, ја загубивме на само пет минути против Ерменија и примивме многу голови. Респект за домаќинот, вообичаено во вакви натпреварувања табелата не лаже, значи дека Македонија во моментот е најдобрата во нашата група. Ние играме за да победиме, не може да играме фудбал за да загубиме. Ние одиме на победа, таков ни е менталитетот".

Најново во Фудбал