ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО РЕДОВИТЕ НА НАШАТА А СЕЛЕКЦИЈА?

Ситуацијата е алармантна, уште четири репрезентативци се жалат на стомачен вирус!

Претходно објавивме дека Стефан Спировски, Мите Цикарски, Ферхан Хасани и Бобан Николов од утринските часови почнаа да се жалат на стомачни мачнини.

објавено: 12 октомври 2018 - 12:56

Лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности. Дел од четворицата спомнати се чувствуваат многу подобро и тие ќе бидат на следниот тренинг.

Беше одложен утринскиот тренинг, па е презакажан за 17:30 часот на нашиот најголем стадион во главниот град.

Сега како што дознаваме уште четири репрезентативци се жалат на стомачен вирус, па така никако да запрат проблемите за селекторот Игор Ангеловски. Тие се Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Стефан Ристовски и Давид Митов Нилсон.

Дури постои веројатност да се бара одложување на саботниот меч кој што е најавен да започне од 20:45 часот на „Филип Втори" Арената - Скопје.

Најново во Фудбал