НОВ МЕЧ ОД ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИИТЕ (18:00 ЧАСОТ)

У21: Стартниот состав на Македонија против Србија (ФОТО)

Денеска на „Караѓорѓе" стадионот во Нови Сад, нашата млада селекција ќе се обиде ако ништо друго да ја прекине долгата негативна серија на порази (пет по ред) во овој циклус, после успешниот старт и гостинската победа над Ерменија.

објавено: 7 септември 2018 - 17:24

Моментно на табелата македонските надежи во квалификациската група 7 се на последното шесто место со три бода и веќе ги загубија шансите за пласман на ЕП 2019 во Италија, додека Србите се на првата позиција со 18 бодови и се борат против главните конкуренти, Русите, за врвот и местото кое води директно на континенталниот собир.

Главен судија на натпреварот е Денис Хиглер од Холандија.

Селекторот на У21 репрезентацијата на Македонија, Илиевски се одлучи од првата минута во денешниот дуел Србија да стартува со следните 11 играчи:

Стевковски, Јованов, Трајановски, Амановиќ, Маневски, Атанасов, Костадинов, Здравковски, Ѓорѓев, Ристовски, Петковски.

Резерви: Божиноски, Чурлинов, Фазлагиќ, Јефтоски, Крстовски, Митровски, Тодоровски.

Најново во Фудбал