БЕШЕ ОБЈАВЕНО ДЕКА ПРЕТСТОЈУВАЛ НЕКОЛКУ ДЕНА ВО СКОПЈЕ

Шахтјор негираше интерес на Ахметов да го купи Вардар

Шахтјор ја негираше информацијата за интерес на претседателот на Ринат Ахметов за преземање на најтрофејниот македонски клуб, Вардар.

објавено: 12 септември 2018 - 10:41

Претседателот на украинскиот фудбалски клуб не планира да го купи македонскиот Вардар.

„Оваа информација не е точна", информираат од прес-службата.

Претходно беше објавено дека Ахметов пристигнал во Скопје престојувал неколку дена во Скопје и ги направил завршните разговори со претставниците на градот да ги превземе „црвено-црните".

Најново во Фудбал