ПРИСТИГНА ЗАСИЛУВАЊЕТО ОД СРБИЈА

Вардар го промовираше голманот Кировски

Чуварот на мрежата кој во минатата сезона бранеше за Чукарички, го облече дресот на најтрофејниот клуб во Македонија

објавено: 20 јуни 2018 - 12:57

Тоа што беше најавувано, се оствари. Голманот Александар Кировски е нов голман на Вардар. Чуварот на мрежата кој досега бранеше во Чукарички, во новата сезона ќе биде на голот на најтрофејниот клуб во Македонија.

Кировски има 27 години и во кариерата бранел за Земун, Црвена Звезда и Чукарички. Има настапувано и за младинските категории на Србија до 19 и 21 година, но не дебитирал за сениорите. 

Тој е првото засилување на „црвено-црните“ во пресрет на дуелите против Пјуник во квалификациите од Лигата на Европа.

Најново во Фудбал