ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Заврши „распустот“: Финансиските проблеми кој го мачеа Тетекс се минато!

Во понеделник на 02.07.2018 од 13:00 часот фудбалерите на Тетекс ќе го имаат првиот собир на стариот стадион во Тетово, со што и официјално ќе ги започнаат подготовките за новата сезона во ВМФЛ Запад.

објавено: 1 јули 2018 - 21:39

Финансиските проблеми кој го мачеа клубот се минато, а минатата сезона успеа да се пласира на шестото место кој му обезбеди опстанок и продолжува да оди чекор по чекор напред.

Целта на Тетекс во оваа нова натпреваручка сезона е сосема јасна, а тоа е обид за влез и враќање во ПМФЛ. Главните подготовки фудбалерите ќе ги започнат во Тетово, потоа продолжуваат на подготовки во Охрид или евентуално во Албанија.

Првото засилување на Тетекс веќе беше објавено пред неколку дена, се работи за 22-годишниот лев бек Никола Ѓорѓиевски кој пристигна од австрискиот клуб FAV AC. Клубот најавува дека во овој преоден рок ќе се засили со неколку квалитетни фудбалери кои што заедно со оние кои што останаа ќе ги бранат боите на Тетекс.

Тетекс ќе одигра и неколку пријателски натпревари, имињата на противниците ќе бидат наскоро објавени. Како што информираат од ФФМ, натпреварите во Втората лига стартуваат на 18-ти август, а дополнително ќе биде определен датумот за извлекување на двојките.

Нови клубови во сезоната 2018/19 ќе бидат Генч Калемлер од Гостивар, Гоблен јуниор од Куманово како и Кораб од Дебар.

Најново во Фудбал