СЕДМИ ТРИУМФ ЗА МЗТ СКОПЈЕ ВО АБА 2 КОНКУРЕНЦИЈАТА

„Јуриш" преку Сутјеска за одбрана на макси-ефектот во Аеродром!

„Металците" постепено го кршеа отпорот на гостите од Никшиќ, и на крајот ја поминаа Сутјеска (94:73).

објавено: 6 декември 2018 - 20:37

МЗТ Скопје го задржа оној стонастотен ефект кој го имаат во премиерното за нив, издание во АБА 2 лигата. „Сино-белите" беа подобри и од екипата на Сутјеска, па по десет одиграни кола, стигнаа до ефект од седум победи и три порази, и кој ги чува при врвот на табелата во ова регионално натпреварување.

МЗТ Скопје – Сутјеска 94:73 (20-21; 26-19; 23-19; 25-14)

Доста израмнета беше првата четвртина од овој дуел во СЦ „Јане Сандански". Најголемата предност ја имаа домашните кошаркари, во петата минута поведоа со (14:10). Следуваше гостинската серија од (7-0) за превземање на водството (17:14), кое Сутјеска го задржа на истекот на првата четвртина, (21:20), а Кнежевиќ веќе стигна до бројката од 10.реализирани поени на гостинската страна. На домашната, Иванов имаше шест.

Токму Иванов, со голема помош од Бојиќ (заедно 22. поени дотогаш), помогнаа МЗТ Скопје да го направи првиот резултатски исчекор. Односно да поведе со (35:28), а потоа, во средината на вториот период и со (37:29) за на полувремето биде (46:40) за МЗТ Скопје.
До првата двоцифрена предност, „металците" стигнаа по 23.минути игра (55:45).

Но брзо беше преполовена (57:52), за среќа, со брза домашна реакција, за највисоки, барем дотогаш, (64:52).
Тројката на Вудард беше доволна и за плус од 15.поени (67:52). Но гостите од Црна Гора уште еднаш „стопија"' пет од нив, за (69:59) по три одиграни четвртини.

Стартната серија од (8-2) во последната, го донесе МЗТ Скопје до најубедливата предност, ( 77:61).
Недостижна за Сутјеска која го положи оружјето во Скопје.
Момент кој треба да го радува Ѓорѓи Кочов е што комплетната стартна петорка заврши со двоен број на поени и во целост го покри неиграњето на двајцата репрезентативци како што се Њубомир Младеновски и Дарко Соколов.

Првиот дел од оваа сезона МЗТ Скопје ќе го заврши во Сараево, и тоа на 13.декември, кога ќе му гостува на директниот конкурент за позицијата број 2 – Спарс.

Најново во Кошарка