По Гоцевски, уште еден искусен играч останува во Гевгелија

Штерјов во центарската линија на Кожув

Александар Штерјов (208см-1986год) ја прифатил понудата на новиот шеф на стручниот штаб на гевгелискиот прволигаш, Врбица Стефанов. Па и во наредниот период од една година ќе биде дел од новиот проект на новото раководство и стручен тим на клубот од Гевгелија.

објавено: 13 септември 2016 - 09:30

Центарската позиција во гевгелиски Кожув и понатаму ќе биде пополнета со двоец на искусни кошаркари. Па откако Златко Гоцевски постигна согласност и понатаму да игра во црвено-белата комбинација на Кожув, тоа истото го направи и Александар Штерјов.
Штерјов (208см-1986год) ја прифатил понудата на новиот шеф на стручниот штаб на гевгелискиот прволигаш, Врбица Стефанов. Па и во наредниот период од една година ќе биде дел од новиот проект на новото раководство и стручен тим на клубот од Гевгелија.

Во минатата сезона Штерјов одигра 30. првенствени мечеви. И за просечни 14.7 минути поминати во игра, реализираше по 4.2 поени и 2.4 скока.
Искусниот крилен центар, некогаш и играч на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Плејмејкер, Ангели, настапи и на 13. sредби во Балканската лига. Притоа за 20. минути на теренот, во просек постигнуваше по 7.4 поени и 3.2 скока, а со процент на реализација од 67.6% во ударите за два поени и 80% од линијата за слободни фрлања.
Во наредните денови, стручниот штаб планира трансфер на уште неколку домашни кошаркари. А нема да биде изненадување ако некој од нив биде и со префикс на репрезентативец.
Пред некој ден „црвено-белите", кои во меѓувреме го потврдија своето учество и во БИБЛ лигата, го ангажираа Словенецот Роберт Абрамович, кој треба да ја засили плејмејкерската позиција, на која гевгеличани го имаат и Апостоли Апостолов, а тука е и уште еден млад играч, Павле Николов.

Најново во Кошарка