БЛОКОТЕХНА ПО ВТОР ПАТ ЗАГУБИ ОД РИЛСКИ СПОРТИСТ

Втор пораз по „сценарио" на првиот

Гостите од Негорски Бањи имаа одличен почеток на втората „контрола" во Самоков, но на крајот уште еднаш останаа со празни раце (79:87)

објавено: 12 септември 2018 - 19:10

Кошаркарите на Блокотехна со два порази се враќаат од мини гостувањето во Бугарија.

На гостински терен, во "Арената" Самоков во два наврати беа поразени од екипата на Рилски Спортист.
Откако на првиот меч Рилски славеше со сигурни (87:76), кошаркарите од Самоков скоро и да го повторија изданието во вториот.
Рилски Спортист – Блокотехна 87:79 ( 20-27, 28-18, 16-15,23-19)
А скоро идентичен беше и поединечниот ефект на играчите на тимот од Негорски Бањи.

Втора вечер по ред Данило Мијатовиќ го полнеше кошот на противникот. Српското крило запре на бројката од 27. реализирани поени. Литваннцот Гајдис реализираше 18. А на Младеновиќ му недостасуваа само две успешни асистенции за дабл-дабл, откако реализираше 10. поени и 8. асистенции.
Освен нив, Цветковски постигна девет, а капитенот Главчев уште пет поени.
Во победничкиот состав, Маринчешки даде 14. Џенкинс имаше 13, а Едвардс и Гугино по 11 реализирани поени.

Наредниот контролен натпревар, екипата на Блокотехна ќе го игра в недела, во Ботевград против бугарскиот прволигаш Балкан.

Најново во Кошарка