НОВ ИГРАЧ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Американецот Вајт ќе го „обелува“ образот на Кожув до крајот на сезоната!

Американецот Рајан Вајт е нов играч на кошаркарскиот прволигаш Кожув, објави попладнево управата на клубот преку официјалната фејсбук-страница.

објавено: 29 декември 2015 - 13:31

Станува збор за плејмејкер, кој има играно за Универзитетот Тексас стејт, а кој во европската кошарка влезе пред четири години преку данскиот тим Алборг, кога имал просек од 25 поени. Потоа, Вајт има играно уште и за косовскиот тим Трепча, за Солеувре од Луксембург, а минатата сезона беше дел од тимот на Копенхаген Вофпак од Данска, каде што беше четврти поентер и асистент во домашното првенство.

Со ангажманот на организаторот на играта од САД почна реконструкцијата на екипата на гевгеличани, по неодамнешното отпуштање на тројца играчи меѓу кои беа Томче Соколов, Димитар Делипетров и Џејсон Картер. Кожув во моментов е на четвртата позиција на табелата во Првата лига, со скор 6-6, а во БИБЛ избори пласман во втората фаза од натпреварувањето.

Најново во Кошарка