МАКЕДОНСКИОТ ТРЕНЕР И ОФИЦИЈАЛНО СЕ СЕЛИ ВО КАЗАХСТАН

Астана го потврди Емил Рајковиќ

Казахстанскиот тим на својата официјална страница ги потврди најавите дека Емил Рајковиќ и следната сезона ќе биде нов тренер. 

објавено: 4 јули 2018 - 12:58

Казахстанскиот тим на својата официјална страница ги потврди најавите дека Емил Рајковиќ и следната сезона ќе биде нов тренер. Одличните резултати во полскиот шампионат, како предводник на Стал Остров беа повеќе од доволна причина за да челниците на Астана да го ангажираат Рајковиќ.

Новиот тим на македонскиот стратег секогаш има најголеми амбиции во кошаркарска Европа, со сите сили се труди да направи пробив кон оние горни позиции во европската кошарка. И за таа цел постојано вложува се поголеми средства.

Инаку, Астана без проблеми го одработи делот од домашниот шампионат на Казахстан, но, проблемите беа во настапите во ВТБ лигата. Со скор од 7. победи и 17. порази, Астана финишираше на 10. место во оваа силна конкуренција, макар што зад нив беа екипи како што се руските Парма и Енисеј (плус естонскиот Калев Крамо).

Најново во Кошарка