УШТЕ ДВЕ ДОМАШНИ ИМИЊА ВО РОСТЕРОТ

Делипетров и Лефкоски дел од Блокотехна

Димитар Делипетров и Војче Лефкоски се нови играчи на тимот од Негорски бањи

објавено: 22 август 2018 - 17:00

Согласно со претходно утврдените планови, раководството на Блокотехна продолжи со екипирањето на ростерот за следната натпреварувачка сезона.

Откако пред извесен период се заслијија со неколку нови играчи, а според најавите на стручниот штаб, Блокотехна од денеска е „побогата" за уште двајца домашни кошаркари.
Затоа што потпис на договорната обврска за наредниот период ставија Димитар Делипетров и Војче Лефкоски .

Делипетров (1992год-203см), практично станува жител на Гевгелија затоа што претходно го носеше дресот на вториот прволигаш од овој град – Кожув, а во минатото го носеше и дресот на Струмица. Може со успех да настапува на двете крилни позиции во ростерот кој го креира тренерот Марјан Илиевски
Лефкоски (1991год-190см) пак доаѓа како довчерашен играч на АВ Охрид, каде на 30 средби во ланската сезона во просек реализираше по 3.9 поени и 1.6 скока.

 

Најново во Кошарка