ПО ГОЦЕВСКИ, СОКОЛОВ И ШТЕРЈОВ

Гевгеличани се засилуваат: Србинот Нешовиќ се пишмани и наместо за Приштина потпиша за Кожув!

објавено: 12 август 2015 - 14:38

Српскиот кошаркарски интернационалец Алексеј Нешовиќ е првото интернационално засилување за екипата на Кожув, откако екипата од Гевгелија претходно потпиша договори со тројца македонски кошаркари, Златко Гоцевски, Томчо Соколов и Александар Штерјов.

Тоа всушност значи дека Нешовиќ ќе продолжи да го носи дресот на гевгеличани, иако пред извесно време најави заминување и потпис на договор со косовскиот шампион, Сигал Приштина. Но, во меѓувреме, српскиот интернационалец се пишмани, го раскина договорот со приштинци и реши да се врати во Гевгелија. Мината сезона, плејмејкерот во дресот на Кожув бележеше по девет поени, три скока и две асистенции во домашното првенство, а во БИБЛ-лигата имаше просек од речиси 15 поени, три скока, три асистенции и две украдени топки просечно.

Најново во Кошарка