ВТОРА „ПРОВЕРКА НА МОЖНОСТИТЕ“ НА МЗТ СКОПЈЕ И ГОСТИВАР

И „половина“ МЗТ до двоцифрена позитива со гостиварци

Без неколку играчи од репрезентацијата, плус и недоволно опоравениот Симоновски, МЗТ Скопје на свој терен, во СЦ „Јане Сандански", стигна до победа (81:68) во контролниот меч против екипата на Гостивар.

објавено: 12 септември 2018 - 20:14

Без неколку играчи од репрезентацијата, но со опоравениот Симоновски, МЗТ Скопје стигна до победа во контролниот меч против екипата на Гостивар.
Оттука првиот тренер на „металците", Ѓорѓи Кочов комбинираше со странските и младите сили, каде се приклучи и Андреј Маслинко, кој не влезе во оние ТОП 12 на селекторот Јорданчо Давитков за дуелот со Косово.

На другата страна пак, очекувано, го немаше најновото и најголемо засилување за Гостивар, Александар Костоски, исто така поради репрезентативни обврски.
МЗТ Скопје беше подобра екипа во првото полувреме, и го реши во своја корист, со девет поени предност (42:33). Таа разлика „металците" ја сочуваа и по три период од играта (58:49), за на крајот да биде уште поголема (81:68).
Медфорд реализираше 24. Поени, а Вудард и Бојиќ уште 19 кај МЗТ Скопје.
За Гостивар, Димчевски и Фристингер уфрлија по 14. поени, а Ренато Димитриески дополни со уште 13.
Инаку, за потсетување, вие две екипи пред две недели веќе одиграа еден контролен натпревар. И тогаш славеше МЗТ Скопје, но на теренот во салата „Младост" во Гостивар со (75:69).

Најново во Кошарка