СЕ ЗГОЛЕМУВА СТРУЧНИОТ ШТАБ ВО „ГРАДСКИ ПАРК“

Јончевски се враќа во Работнички

Александар Јончевски ќе биде новото име во стручниот штаб на најтрофејниот кошаркарски колектив Работнички, дознава „Спортмедиа“.

објавено: 5 април 2018 - 22:11

Главниот стратег на Работнички, Марин Докузовски доби уште еден помошник во стручниот штаб. Станува збор за младиот стратег, Александар Јончевски, кој по пауза од седум години повторно се враќа во „Градски парк“, заедно со Перо Блажевски ќе му асистираат на некогашниот селектор со кого Македонија го освои историското четврто место на ЕП 2011 година.

Јончевски кој беше и кошаркар на овој клуб долго време беше во таборот на вечниот ривал МЗТ Скопје со кого има освоено две титули како главен тренер. Јончевски има и репрезентативно искуство, тој и натаму е дел од стручниот штаб на нашата најдобра репрезентација. Последен ангажман на младиот тренер беше Спартак Суботица.

 

 

Најново во Кошарка