СТРАТЕГОТ НА АЕРОДРОМЦИ ГИ ПРИЗНАВА ГРЕШКИТЕ НА МЕЧОТ

Кочов: Не функционираше одбраната, немавме ниту контри!

Првпат сезонава лутите градски ривали ги одмерија силите, а во стартната битка во СЦ „Јане Сандански" пред своите навивачи загубија кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од Работнички.

објавено: 12 ноември 2018 - 22:58

Популарните „штркови" дадоа се од себе да му го нанесат првиот пораз на противникот во шампионатот, но не успеаја во својата цел и им дојде крај на серијата победи.

Тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов призна дека неговите играчи немале контранапади, одбраната не беше на највисоко ниво. Ова е втор пораз за „металците" сезонава, после првиот претрпен од Блокотехна, па така моментно е на третото место со 10 бодови.

„Успеаја ривалите со една комбинирана одбрана да го забават нашиот ритам. Одбраната не функционираше најдобро, немавме ниту контри. Нашиот договор беше на три минути пред крајот на мечот да направиме прекршок, но беше оставен Мираковски да шутира. Жалиме што не триумфиравме пред нашите навивачи, но мораме да гледаме напред", рече тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов.

Најново во Кошарка