СЕДМО КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА

Колку може Кожув против МЗТ, а колку Фени со Работнички?

Блокотехна ќе ја брани првата позиција во Охрид, Гостивар апсолутен фаворит против Шкупи...

објавено: 17 ноември 2018 - 14:30

Интересно е дека дури четири од петте средби во седмото првенствено коло за прв пат ќе се играат во ист термин, сабота – 18.часот.

Единствената непоразена екипа во нашата елитна дивизија, Работнички, на домашен терен го дочекува Фени Индустри, кој во меѓувреме остана без еден од странските кошаркари, Доминик Елиот, кој поради слабите перформанси беше отпуштен.
МЗТ Скопје нова, сега првенствена рехабилитација ќе побара во Гевгелија, на теренот на помалку заморениот состав на Кожув, кој во меѓувреме имаше балкански обврски. Односно гостување во Призрен, и пораз од Башкими.
Блокотехна е прва на табелата, макар и со еден пораз, и натпревар повеќе во однос на Работнички. Тимот од Негорци ќе настојува да им се врати на победите на гостувањето во „Билјанини извори" против АВ Охрид. Една од екипите која сеуште ја нема почувствувано сласта на победата.
Гостивар пак е апсолутен фаворит во дуелот со Шкупи, во меч во кој гостиварци ќе настојуваат и да си ја поправат кош-разликата пред некои „посериозни мечеви" во шампионатот.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ
ДВОЈКИ 7. КОЛО
ДЕНЕСКА:
18.00: АВ Охрид – Блокотехна
Судии: Давидов-Антовски-Златевски
18.00: Гостивар – Шкупи
Судии: Павлов-Лалков-Стојчевски
18.00: Работнички – Фени Индустри
Судии: И.Митровски-Бошкоски-Јакимовски
18.00: Кожув – МЗТ Скопје
Судии: З.Митровски-Јанков-В.Крстевски
НЕДЕЛА:
17.30: Вардар – Пелистер (ТВ)
Судии: Мијалковски-Михајловиќ-П.Петровски
Куманово - слободен

ТАБЕЛА
1. Блокотехна 6 5 1 538:411 11
2. Работнички 5 5 0 463:333 10
3. МЗТ Скопје 6 4 2 551:467 10
4. Куманово 6 4 2 461:412 10
5. Фени И. 6 4 2 502:465 10
6. Гостивар 5 3 2 392:379 8
7. Кожув 5 3 2 374:345 8
8. Пелистер 6 1 5 359:447 7
9. Вардар 5 1 4 371:441 6
10. АВ Охрид 5 0 5 353:449 5
11. Шкупи 5 0 5 245:423 4

 

Најново во Кошарка