„МЕТАЛЦИТЕ“ ВО СЕРИОЗНИ ПРЕГОВОРИ СО ХРВАТСКОТО КРИЛО

Легенда на Задар потпишува за МЗТ?

После Медфорд и Бојиќ, се најавуваат уште две странски принови во МЗТ

објавено: 25 јули 2018 - 12:05

МЗТ Скопје Аеродром е во преговори со Иве Иванов и Џејмс Вудард, и нема да биде изненадување ако наскоро овие двајца кошаркари го стават потписот на договорот со „металците“. Ова се неофицијални информации за кои се шпекулира низ аеродромските кулоари. 

Искусниот Иванов кој има 32 години, и висок е два метра, може да игра на двете крилни позиции, и важи за легенда на Задар. Тој е роден во овој град на јадранскиот брег, а дресот на АБА лигашот од неговиот роден град го носеше во сезоната 2003/2004, потоа од 2010 до 2015 година, како и во минатата сезона. 

Со ангажманот на Лестер Медфорд, можеби нема да застане привлекувањето на американски бекови кои во минатата сезона играле во литвански Невежис. „Штрковите“ се интересирале и за 24-годишниот Џејмс Вудард, кој лани во дресот на Невежис, имал просек од 10,1 поени по меч. Вудард кој пред да дојде во Европа играше за Универзитетот Тулса, би бил пополнување на надворешната линија заедно со Медфорд (може втора сезона по ред да бидат клупски колеги), Дарко Соколов, Дамјан Стојановски и Марко Симоновски. 

Најново во Кошарка