ВИЦЕПРВАКОТ ЗАДРЖА УШТЕ ЕДЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

И Симоновски му кажа „ДА“ на МЗТ Скопје, Мекиќ тешко!

МЗТ Скопје во најскоро време треба и официјално да ја потврди продолжената соработка со Марко Симоновски. 

објавено: 9 јули 2018 - 11:42

МЗТ Скопје продолжува со составување на тимот за новата сезона, во која главна цел е да се врати титулата во СЦ „Јане Сандански“, а потоа да исплива од АБА 2 лигата. Старо-ново од таборот на македонскиот вицепрвак е Марко Симоновски. Челниците на клубот и македонскиот репрезентативец се договорија, и во најскоро време се очекува официјална потврда.

Симоновски „сино-белиот“ дрес го носеше 2014/15 сезоната, по една година пауза се врати во 2016 година, неговиот договор истече токму ова лето. Поради повреда на бутниот мускул тренер, Ѓорѓи Кочов не можеше да смета на неговите услуги за најважните дуели минатата сезона.  

Од планираните играчи засега виси Адем Мекиќ, кој како што дознаваме ја одбил понудата. 

МЗТ Скопје претходно ги продолжи договорите со капитенот, Дамјан Стојановски, Андрија Бојиќ, Дарко Соколов и Андреј Маслинко, а во составот ќе бидат Љубомир Младеновски и Американецот Лестер Медфорд.

 

Најново во Кошарка