СЕ ПОМАЛКУ ДИЛЕМИ

ОЛ-СТАР ПРЕСЕК БРОЈ 2: Сега Лука е пред Кари!

На 10. јануари НБА лигата го објави вториот пресек на бројот на гласови на навивачите во изборот на играчи за претстојниот Ол-стар. Како и пред една недела, најмногу гласови има ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс – 2.779.812 гласа.

објавено: 11 јануари 2019 - 14:30

Она што е особено интересно е дека младиот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ и понатаму одлично котира, има 2.220.077 гласови од навивачите..
Со таа брохјка словенечката сензација е на второто место во Западната конференција во конкуренција на „фронткорт" позициите (центар, крилен центар и крило), и сега дури има и повеќе гласови и од еден Стеф Кари, кој е прв во конкуренција на плејмејкерите и бековите, со 2.094.158 гласови.

На врвот, според бројот на гласови на Западот се уште и Дерик Роуз, Пол Џорџ, Кевин Дурент, Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Расел Вестбрук, Стивен Адамс и Никола Јокиќ.
Во Источната конференција води Јанис Адетокумпо со 2.670.816 глоасови, додека плејмејкерот на Бостон, Кајри Ирвинг е втор со 2.381.091.

Следуваат Каваи Ленард со 2.092.806, Џоел Ембид, и Двејн Вејд.
Инаку, гласањето на навивачите почна на 25.декември, и ќе има 50% влијание во изборот на десетте стартери на Ол-стар натпреварот.
По 25% ќе отидат на сите моментално активни кошаркари во НБА лигата, и панелот на експерти. Двајцата со најмногу гласови на Истокот и на Западот ќе бидат капитени и ќе имаат прилика да бираат соиграчи за стартните позиции.
Потоа ќе се бираат резервните играчи, кои ќе бидат одредени со гласање на навивачите и на тренерите.
Гласањето ќе биде завршено на 21.јануари, а стартерите и капитените ќе бидат објавени три дена подоцна.
Кои ќе бидат резервните играчи ќе се знае на 31.јануари.
Ол-стар викендот ќе биде во Шарлот, а главниот натпревар на „сите ѕвезди" е закажан за 17.февруари.

Најново во Кошарка