БИБЛ-ЛИГАШОТ НЕ ЗАСТАНУВА СО ЗАСИЛУВАЊАТА

Продолжува шопингот на кумановци: Високиот Штерјов ќе го чува кошот на Куманово!

објавено: 16 август 2014 - 13:26

Потенцијалниот македонски кошаркарски репрезентативец, Александар Штерјов, е најновото засилување за Куманово, објавија денеска од овој клуб.

Доскорешниот центар на Кожув реши да ја прифати понудата од кумановскиот табор и следната сезона ќе биде еден од играчите задолжени пред се за одбрана на кошот на овој тим, како во домашните натпреварувања така и во Еврохолд БИБЛ-лигата. Тој е петтиот кошаркар кој е ангажиран од новата управа на Куманово во последниве десетина дена и тоа по Џанер Осман од Струмица, Американците Брајан Оливер и Тејлор Хајнс како и Црногорецот Радоје Вујошевиќ додека обновена беше соработката со Вукашин Мандиќ.

Кумановскиот прволигаш следната сезона од клупата ќе биде преводена од поранешниот репрезентативец, Игор Михајловски.

Најново во Кошарка