МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР СЕ ПРЕСЕЛИ ВО ИТАЛИЈА

Рубин Стефанов одби турско државјанство, потпиша за Римини Крабс

„Анадолу Ефес е најдобриот и најпрофесионалниот тим, не задолжи до крајот на животот. Но, за нашето семејство постои само едно државјанство – македонското", вели легендарниот кошаркар, Врбица Стефанов за „Спортмедиа".

објавено: 17 септември 2018 - 17:14

Марија Ковачева

Турција е една од оние земји која буквално сака да земе се што е квалитетно. На македонскиот бисер, Рубин Стефанов, син на легендарниот кошаркар, Врбица, му понуди државјаноство, како услов да продолжи да настапува за Анадолу Ефес. Токму затоа големата надеж се пресели во Италија, поточно во тимот на Римини Крабс.

Првите луѓе на клубот, како и чениците на тамошната федерација, по само неколку месеци престој, задоволни од неговите игри, посакале да остане засекогаш и да го носи нивниот национален дрес.

Без размислување, родителите, заедно со Рубин ја одбиле понудата, иако биле презадоволни од условите и професионалноста во Анадолу Ефес. Сонот на македонскиот бисер е во иднина да игра за „црвено-жолтиот" дрес и секако еден ден достојано да го замени својот татко, кој е еден од нашите најдобри кошаркари.

Разделбата секако е пријателска. Во Турција имаат големо разбирање, особено кога се работи за таленти како што е Рубин. Иако во јануари челниците на гигантот добиле негативен одговор за државјанството, сепак до крајот на сезоната, 13-годишниот македонски бисер ги имал истите услови, ништо не се променило ниту во односот кон него, ниту пак во училиштето.

„Никогаш немаше да го замениме Ефес за друг тим, доколку кошаркарските закони во оваа земја не се онакви како што ги знаеме сите. На Рубин му понудија турско државјанство, понуда која веднаш, без размислување беше одбиена. Нашата фамилија признава само едно државјанство, тоа е македонското. Сакаме Рубин во иднина да го облече дресот на Македонија", вели Врбица Стефанов за „Спортмедиа", кој имаше само пофални зборови за трускиот гигант:

„Ефес е голем тим, не постојат соодветни заборови со кои би го опишал нивниот однос кон Рубин и кон целата наша фамилија. Не задолжи до крајот на животот. Иако во јануари беа информирани дека не го прифаќаме турското државјанство, ништо не се промени. Рубин ги имаше истите услови, што пак е реткост, во други клубови оваа приказна би завршила уште во јануари, можеа слободно да го сменат односот, бидејќи инвестираат во кошаркар од кого реално веќе немаат корист. Турција и секако Ефес засекогаш ќе останат во нашите срца. Не се знае, можеби еден ден повторно ќе ни се спојат патиштата".

13-годишниот Рубин кој е вистинско чудо од дете, и пред заминувањето во Турција беше на мета на голем број на европски гиганти, како Реал Мадрид, но одлучи да ја прифати понудата на Римини Крабс.

Италијанскиот тим цела година бил упорен во својата намера да го придобие македонскиот бисер. Станува збор за клуб кој не штеди за млади и талентирани кошаркари, и најважно, нуди одлични услови за работа.

„Италијанските тимови ги сакаат децата, имаат услови приближни како оние во Турција. Отворени се за соработка, ние како родители ќе имаме шанса да бидеме до него. Сепак Рубин има само 13-години и не сакаме процесот на изградба како личност да го мине без нас.
Имавме понуда од други поголеми клубови, но се одлучивме за Римини Крабс. Подобро е да почне скала по скала, отколку од голема скала да падне долу", вели популарниот Врба.

Младиот Стефанов пред да замине во Анадолу Ефес настапуваше за МЗТ Скопје, со кого освои голем број на индивидуални признанија.

ЕВРОПСКАТА ЛИГА ПРВ ПРЕДИЗВИК
Македонскиот бисер во дресот на Римини Крабс ќе дебитира на 21 овој месец, неговиот тим ќе биде дел од Европската лига за кошаркари до 14 години, што пак станува збор за генерација која е една година постара од Рубин. Станува збор за турнир кој се одржува во два града, во септември во Острава, додека во јануари домаќин е Римини.

*Превземањето на информацијата без дозвола на „СПОРТМЕДИА“ ќе биде санкционирано согласно со законот.

Најново во Кошарка