МЗТ СКОПЈЕ СПАРИНГУВАШЕ СО ФЕНИ ИНДУСТРИ

Силни и без Соколов

Уште една лесна и убедлива победа во пресрет на новата сезона, овој пат во пресметка со Фени индустри за кошаркарите на МЗТ Скопје (86:59).

објавено: 20 септември 2018 - 21:14

Уште една лесна и убедлива победа во пресрет на новата сезона, овој пат во пресметка со Фени индустри за кошаркарите на МЗТ Скопје (86:59). Екипата по подолго време настапи со репрезентативците, а отсуствуваше само полесно повредениот Дарко Соколов.

Лестер Медфорд беше најефикасен со 16 поени, Иве Иванов и Андрија Бојиќ постигнаа по 13 поени, додека Дамјан Стојановски реализира 10 поени. Андреј Маслинко односно Андреј Магдевски запишаа осум односно шест поени.

За МЗТ Скопје Аеродром сезоната почнува за точно една недела (27 септември), кога во „Јане Сандански" ќе гостува словенечки Хелиос на стартот од АБА 2-лигата

Најново во Кошарка