КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР ВО ГОСТИВАР

ЗА ПОЧЕТОК: МЗТ Скопје Аеродром подобар од Гостивар (ВИДЕО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа го почнаа циклусот контролни натпревари пред стартот на новата сезона, откако денеска на пладне, го совладаа тимот на Гостивар (75-69).

објавено: 28 август 2018 - 14:39

Клучно за победата на „металците" беше првата четвртина, во која МЗТ Скопје направи предност од 13. поени (23:10).

Наредната им припадна на домаќините, па на полувреметто во салата „Младост" беше (39:32), во корист на вицепрвакот, кој успеа да ја одбрани во текот на вторито 20.минути.
ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 69-75 (10-23, 22-16, 22-22, 15-14)
Ова беше прв меч за двете екипи во периодот на подготовките, кој „сино-белите" од Аеродром го одработија во Маврово.
Американецот Џејмс Вудард со 17 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје Аеродром, додека Андрија Бојиќ и Андреј Магдевски реализираа по 11 поени.
Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов следните два пријателски дуели ќе ги одиграат веќе в петок и в сабота. И тоа на домашен терен против бугарскиот шампион, Левски Лукоил.  

ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 69-75 (10-23, 22-16, 22-22, 15-14)

ГОСТИВАР: Ре. Димитриески 17, Тасовски 17, Димчевски 6, Фрустингер 13, Зеќири 7, Ро. Димитриески 2, Сегариќ 3, Шалев 4, Ѓоргиески, Серафимовски, Столески, Дукоски.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Иванов 7, Д. Стојановски 3, Вудард 17, Бојиќ 11, Магдевски 11, Симоновски 4, Маслинко 5, Медфорд 5, Младеновски 4, Соколов 3, Тодоровски 2, Митев 3, Мамузиќ, Настовски, Л. Стојановски.

 

Најново во Кошарка