ПОВРЕДАТА НА ЗАДНАТА ЛОЖА Е СЕРИОЗНА

Заврши сезоната за Мираковски

Капитенот на Работнички нема да може да му помогне на својот тим на претстојните дуели од финалната серија против МЗТ

објавено: 21 мај 2018 - 14:08

Повредата која ја здоби Димитар Мираковски на првиот меч од финалето помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, не може да се залечи толку брзо за тој да може да се врати до крајот на серијата, па Марин Докузовски ќе мора да смисли алтернативни решенија на плејмејкерската позиција. Работнички го доби првиот дуел, води со 1-0, но останува да се види како ќе функционираат на неколку меча за една недела без значајна алка во тимот. Улогата на Мираковски после неговата повреда ја играа Расел Робинсон и Димитар Караџовски, а сега ќе треба тоа да го прават на цели натпревари. 

Мираковски има повреда на задната ложа, и за такви повреди, паузата во просек е обично околу три недели. Ако се знае дека финалето треба да заврши најдоцна на 31 мај, тоа е 11 дена од здобивањето на повредата, Работнички ќе треба да се помири оти нема да смета на неговите услуги.

Најново во Кошарка