ТРЕНЕРСКА СМЕНА ВО ТЕЛ АВИВ

МАКАБИ МЕНУВА: Сферопулос го замени Спахија

После многу лошиот старт во Еврологата, раководството на „Гордоста на Изрел" одлучи да направи промена на првата тренерска позиција. На истата повеќе не е е Хрватот Невен Спахија, а неговото место ќе го превземе Јанис Сферопулос...

објавено: 18 ноември 2018 - 14:00

После седум одиграни натпревари, Макаби од Тел Авив доби само еден од нив – подгоричка Будуќност. И заедно со Дарушафака сигурно се двете екипи кои се далеку од некоја идеална форма во најсилното европско натпреварување. Макар што Макаби направи огромни вложувања пред почетокот на сезоната, меѓу другото беше доведен и еден од најдобрите бекови во европската кошарка, Скоти Вилбекин.

Логичен редослед на настаните беше отказ за тренерот Невен Спахија кој минатата сезона дојде во Тел Авив од НБА лигата каде беше помошник во Атланта Хоукс.

Новиот тренер Јанис Сферопулос потпиша двогодишен договор со „сино-жолтите":

„Многу сум горд што ќе бидам дел од овој клуб со голема традиција каква има Макаби. Сакам да им се заблагодарма на сопствениците, управата и сите оние кои имаа доверба во мене. На навивачите ќе им кажам дека ќе сторам се што е во моја моќ за да ја смениме ситуацијата, да успееме. Време е напорно да работиме со сите играчи. Верувам во овој тим и во овој состав. Ќе се бориме заедно, и играчите ќе бидат подготвени да дада 100%. А сега е време за работа"- порача Сферопулос за клупскиот сајт на Макаби.

Најново во Кошарка