КОГА ТОА ГО ВЕЛИ СВЕТИСЛАВ ПЕШИЌ

НБА не е кошарка, вистинската кошарка е во Европа

Тренерот на Барселона смета дека најдоброто од овој спорт е на Стариот континент, а не „преку барата"...

објавено: 10 јануари 2019 - 17:45

„Во кошарката, ако сакате да го промените ритмот, да играте во транзиција или позициски, тоа се прави во одбраната, а не во нападот. Тогаш се превзема иницијатива во контранападот, се контролира играта на начин кој го посакувате. Така е во Европа, но не е така во НБА, која не е кошарка"- смета еден од најдобрите тренери во Европа.

Популарниот „Кари" оди уште понатаму... прославениот српски стручњак вели дека Евролигата е натпреварување со „најдобрата кошарка на светот денеска".

„Секоја вечер во НБА гледаме резултати 129:119, 120:115. Сите слават, сите се среќни. Како и да е, во Евролигата се игра најдобрата кошарка на светот затоа што тука можете да видите се. Одбрана, напад, тактика, тројки, забивања, креативност. Она што досега го немавме во Европа е добро да ја 'продадеме' својата кошарка, како што тоа го прави НБА"- дополни Пешиќ.

Пред неколку месеци искусниот страгег на чело на каталонскиот клуб рече дека оние регуларни мечеви од Евролигата се како оние од плеј-офот во НБА.

Најново во Кошарка