НА ЕДНА ОД ПОСЛЕДНИТЕ ПРОВЕРКИ ПРЕД СТАРТОТ НА БУНДЕСЛИГАТА

Добри „девет" од Војдан за Раста Вехта

Војдан Стојановски не беше стартер во тимот на ЕВЕ Олденбург баскетс, но нашиот репрезентативен капитен одигра сосема солиден меч во кој реализираше девет поени и два скока...

објавено: 24 септември 2018 - 19:45

Војдан Стојановски им се врати на клупските обврски во новата играчка средина ЕВЕ Олденбург Баскетс.

По напорите кои ги имаше во оние два претквалифиакциски мечеви (одигра повеќе од 30.минути по натпревар), Стојановски доби „поштеда" од својот тренер Младен Дријенчиќ.
На последниот тест-меч пред стартот на возбудувањата во Бундеслигата, Стојановски почна од клупата за резервни играчи.

Но капитенот на нашиот национален тим одигра сосема солиден меч кој го заокружи со реализација на девет поени и два скока, а ЕВЕ Олденбург победи лесно против Раста Вехта (90:78).
Интересно, ова беше и седма победа на ЕВЕ Олденбург во исто толку контролни натпревари за време на подготовките за новата сезона во Бундеслигата.

 

Најново во Кошарка