НОВИОТ ТРЕНЕР НА КРАЈОВА НЕ ИЗДРЖА

Судиите го „крадеа" во Самоков, Тодоров го прекина мечот со Рилски!?

Дуелот помеѓу Рилски Спортист и Крајова не го дочека својот крај затоа што на пет минути пред истекот на времето, при водство на домашната екипа, мечот беше прекинат, откако гостинската екипа се повлече од теренот во Арената Самоков.

објавено: 20 септември 2018 - 18:00

Александар Тодоров уште еднаш се врати во Самоков, на местото каде стигна до еден од своите најголемите резултати во тренерската кариера, освојувањето на БИБЛ лигата.

Но сега како прв тренер на романскиот прволигаш Крајова, за да одигра еден контролен натпревар со Рилски Спортист, тимот со кој ја освои титулата балкански шампион.

За жал, овој пријателски меч во Арената во Самоков беше прекинат. На пет минути пред крајот, нашиот стручњак, крајно незадоволен од судењето на судиската тројка, при водство на Рилски (86:78), одлучи да ја повлече екипата.
Претходно Крајова имала водство во најголем дел од првото полувреме кое завршило со минимална предност за романскиот тим. Но бугарската екипа направила превсрт во последниот период, според Тодоров, со огромна помош на судиите, поради што оваа средба не го дочека својот крај.
Инаку екипата на Крајова продолжува со мини турнејата во Бугарија. Тодоров и неговите играчи се гости на екипата на Берое во Стара Загора.

 

Најново во Кошарка