СТОЈАНОВСКИ Е ЗАДОВОЛЕН ШТО ЈА ОДБРАЛ ПОНУДАТА НА ГЕРМАНЦИТЕ

Војдан: Олденбург е организиран и амбициозен клуб

Го познавам клубот, само здравјето да ме послужи, и мислам дека ќе имам позитивна сезона, вели македонскиот репрезентативен капитен

објавено: 24 јули 2018 - 12:15

Откако се обелодени трансферот на Војдан Стојановски во ЕВЕ баскетс Олденбург, за неговиот премин се огласи и самиот кошаркар, а и најпознатиот европски кошаркарски менаџер, Мишко Ражнатовиќ ја објави убавата вест. Враќањето во германската лига после три години, за 30-годишниот Војдан е позитивно, и верува дека нема да има проблем со прилагодувањето. 

„Многу сум задоволен што ќе играм во Олденбург. Понудата беше најпривлечна за мене и решив да ја прифатам. Одам во позната средина, ја познавам германската лига, го познавам и клубот, знам колку добро се организирани и амбициозни. Тимот игра добра кошарка изминативе неколку години, затоа редовно се меѓу најдобрите екипи во Германија. Здравјето ми е на прво место, се надевам дека сè ќе биде како што треба, и дека ќе имам успешна сезона со мојот нов клуб" - ни изјави Стојановски.

Најново во Кошарка