ОЛ-СТАР ПАРТИИ

Ирвинг не знае за доста, ги „фати" Репторс, Дејвис ги „скрши“ Никс

Екипите на Бостон и на Торонто го одиграа најинтересниот дуел во ноќешните мечеви од НБА лигата. Во продолжението од пет минути славеше Селтикс со (123:116).

објавено: 17 ноември 2018 - 08:30

Кајри Ирвинг беше незапирлив затоа што реализираше 43.поени (18/26 во шутот од поле), имаше и 11.успешни додавања до соиграчите.
На другата страна парираше Каваи Ленард со 31.поен и 15. скокови.
Џими Батлер се претстави во одлично издание пред, за него, новата публика, онаа во Филаделфија. Реализираше 28.поени за Сиксерс во победата над Јута од (113:107).

Џоел Ембид дополни со 23.поени, а Бен Симонс беше блиску до трипл-дабл ефект. Имаше 10 поени и по осум скока и асистенции.
Неговиот поранешен тим, Минесота, беше убедлива против Портланд (112:96). А шесторица играчи на Вулфс имаа двоен број на поенот. Најмногу, 23, дојдоа од Ендрју Вигинс.
Индијана го надигра Мајами (99:91), одличен беше Бојан Богдановиќ со 16.поени и 6. скока, а Горан Драгич под просекот, осум поени и три додавања.
Мечот Њу Орлеанс – Њујорк го одбележа Ентони Дејвис со 43.поени и 17.скока. А Пеликанс триумфираа со (129:124). Бруклин беше подобар од Вашингтон. Славеа Нетси во главниот град со (115:104).

Милвоки Бакс стигнаа до еден неверојатен клупски рекорд. После голем пресврт го совлада Чикаго Булс со (123:14).
На полувремето „биковите" имаа предност од 18.поени. Па така, Милвоки го израмни рекордот на франшизата затоа што во 1999 година, успеаја да надокнадат минус од 18. поени кој го имаа на полувремето од средбата со Бостон и да триумфираат.
Во овој дуел со Чикаго имаа и минус од 22.поени, но пресуди фантастично одиграната трета четвртина која успеаја да ја добијат со убедливи (46:17)!
Во тој дел од играта уфрлија еден поен повеќе отколку во целото прво полувреме
Најефикасен во тимот на победникот беше Ерик Бледшо со 25.поени, Крис Мидлтон уфрли 23 (со десет скока и осум асистенции-, исто колку и Јанис Адетокумпо, кој пак имаше 13 фатени топки.
Кај Булс Џабари Паркер даде 21 а Џастин Холидеј 20.поени.

РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Торонто 123:116, Индијана – Мајами 99:91, Филаделфија – Јута 113:107, Вашингтон – Бруклин 104:115, Мемфис – Сакраменто 112:104, Минесота – Портланд 112:96, Њу Орлеанс – Њујорк 129:124, Милвоки – Чикаго 123:104;

Најново во Кошарка