КАКОВ ТАНДЕМ КОБИ БРАЈАНТ - JAO МИНГ

Коби е амбасадор на Мундијалот во Кина!

Легендарниот американски кошаркар Коби Брајант ќе биде глобалниот амбасадор на Светскиот Куп кој наредната година ќе се одржи во најбројната земја на светот.

објавено: 31 октомври 2018 - 17:30

Освојувачот на пет шампионски прстени во НБА лигата, и двократен олимписки шампион со селекцијата на САД, ќе му се приклучи на еден свој исто така познат колега од Кина, секако, Јао-Минг, во промоцијата на ова натпреварување.

„Секогаш сум го ценел она позитивно влијание кое кошарката го има на развојот на младите луѓе ширум светот. Многу сум почествуван што ФИБА ме повика да бидам амбасадор на Светскиот Куп. Се надевам дека моето учество ќе ги мотивира играчите од 32 земји учесници на најдобар начин ги претстават своите земји на светскиот пиедестал. Едвај чекам да видам кој ќе го освои трофејот" - изјави Брајант.

Задоволството од неговото ангажирање не го криеше ниту претседателот на Светската кошаркарска федерација, Орасио Мураторе.

„Многу сме возбудени и почествувани што ни се придружи една таква легенда. Коби гордо ги претставуваше САД на светските натпреварувања и постигнуваше најголеми успеси"- рече Мураторе.

Инаку кошаркарскиот Мундијал стартува на 31. август 2019 година, а актуелен шампион е САД, а во овој момент, во тек се квалификациите за пласман на ова натпреварување.

 

Најново во Кошарка